Тухел не сака да остане должен: Не сум само јас виновен во клубот за ситуацијата сезонава

Баерн Минхен сезонава не игра според посакуваното, а голем дел од навивачите, па и управата, го обвинија Томас Тухел за ваквата ситуација.

Но по победата над Лајпциг вчера, Томас Тухел истакна дека не се чувствува тој како единствен виновник за ваква ситуација на табелата и дека прифаќа дел од одговорноста.

– Не е воопшто важно дали ја разбирам одлуката на клубот и дали сум задоволен со неа или не, но јас не сум единствениот проблем во клубот. Секако дека прифаќам дел од одговорноста за ваквите резултати. Не сум задоволен од начинот на кој играме и тоа неколку пати го посочив. Разговарав со клубот и повторно сакам да потенцирам дека јас не се сметам за единствен виновен за сезонава, порача Томас Тухел.

Клубот донел веќе одлука Тухел да замине на крајот од сезоната, без оглед на тоа каков ќе биде исходот, односно дури и во ситуација да станат шампиони во Бундеслигата, Тухел ќе мора да си замине и тој за тоа е свесен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО