Брандл со совет до Хамилтон како да го фати патот на Михаел Шумахер со Ферари

Легендарниот Ф1 коментарот и некогашен ас на овој спорт, Мартин Брандл, се обиде да го посоветува Луис Хамилтон пред да се пресели во Ферари.

Британецот во Ферари оди со седум шампионски титули зад своето име, а Мартин Брандл се обиде да го повика Хамилтон да најде инспирација во Михаел Шумахер, односно во неговиот некогашен трансфер од Рено во Ферари далечната 1996 година.

– Луис може да го направи истото што и Михаел Шумахер, може да ги направи повторно големи шампиони, а можеби да биде и како Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел. Тој мора да се огледа на Шумахер и неговото постигнување, неговата посветеност со Ферари постојано да биде во фабриката и да ги следи сите промени на болидот.

– Мислам дека доколку Луис Хамилтон има желба да оди по тој пат, може да го оствари тоа, порача Мартин Брандл.

Луис Хамилтон првата титула ја освои со Мекларен во 2008 година, додека останатите шест ги освојуваше во успешната епизода со Мерцедес.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО