Македонскиот интернацоналец, Стефан Ристовски со солзи во очите го заврши натпреварот во кој Динамо го елиминира Бетис и се пласира во осминафиналето на Лигата на конференции (ЛК).
Тој го напушти тревникот на Максимир со маицата со натпис: „Среќен роденден мамо“. Со емотивниот гест Ристовски (32) го одбележа роденденот на својата мајка, која почина на крајот од минатата година по долго и тешко боледување.
Фотографијата ја објави клубот на социјалните мрежи со реченицата: „Таа е најгорда! Како нас“!