Лига на конференции: Динамо го елиминира фаворитот Бетис!

Динамо Зaгреб го елиминира фаворитот, шпанскиот Бетис со вкупни 2:1 и се пласира во осминафиналето во Лигата на конференции (ЛЕ).

Динамо двапати во седум дена беше нерешлива енигма за Бетис, кој е на седмата позиција во шпанската Ла лига.

Минатата недела Динамо во Севилја забележа изненадувачка победа од 1:0, а во реваншот во Загреб, на „Максимир“ пред 18.000 гледачи, повторно одигра добро и ремизира, 1:1, доволно за пласман меѓу најдобрите 16 во ЛК.

„Херој“ на Динамо беше стрелецот на голот, Јапонецот Такуро Канеко, а во одбраната повеќе од солиден беше македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски.

Ждрепката за осминафиналето на ЛК е закажана за денеска во Нион, во 13 часот, а натпреварите ќе се играат на 7 и 14 март.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО