(ВИДЕО) Бразилски хулигани нападнале клупски автобус, еден фудбалер завршил во болница!

По натпреварот помеѓу бразилските прволигаши Спорт Ресифе и Форталеза, хулигани го демолирале автобусот на гостинската екипа. Тие користеле широк арсенал оружја, од камења, тули, па до рачно изработени бомби, пишува Глобо.

Голманот добил расекотини на лицето, левиот бек удар во главата по што му била расечена усната и веѓата, а уште неколкумина играчи имаат посекотини од скршеното стакло, соопшти претседателот на клубот.

Најлошо минал Гонзало Ескобар, кој бил погоден со камен во главата, поради што бил задржан во болница за да му се направи снимка.

„Дали и ова ќе биде само изолиран случај? Што ќе направат надлежните, што ќе направи фудбалскиот сојуз“, објави првиот човек на клубот на социјалните мрежи и побара итна реакција од надлежните органи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО