Со натпреварот помеѓу Интер Мајами и Реал Солт Лејк започна новата сезона во американската МЛС лига.
Тимот од Флорида предводен од Лионел Меси и Луис Суарез триумфира во Форт Лодердејл со 2:0.
Поранешните соиграчи од Барселона беа асистенти при постигнувањето на головите. Роберт Тејлор даде гол по одличното додавање на Меси и по лошата реакција на голманот, а на Диего Гомеш му асистираше Суарез откако Меси започна одличен напад и ги збуни противничките дефанзивци.
За Интер во првиот состав играа уште двајца поранешни соиграчи на Меси од Барселона, Жорди Алба и Серхио Бускетс.