Манчестер Сити синоќа го победи Брентфорд со минимален резултат (1:0), во заостанатиот натпревар од 18. коло во Премиер лигата.
Европскиот и англиски шампион освои бодови благодарение на потегот на Ерлинг Халанд во 71. минута, кога решително тргна кон голот на гостите и тоа им се исплатеше на крајот.
За Ерлинг Халанд ова беше 22. гол во 28 настапи сезонава во сите натпреварувања. За него во Премиер лигата ова беше 17 погодок, а има и пет асистенции.
Пеп Гвардиола деновиве мораше да се стави во негова одбрана, бидејки пристигнаа и првите критики на сметка на Халанд поради неговата недоволна ефикасност во овој дел од сезоната, па синоќа уште еднаш посочи една работа за која и тој не знаел.
– Големите голгетери секогаш ќе постигнуваат голови, дури и ако некое време постат, ќе се вратат поефикасни од претходно. Не ги критикувајте никогаш, затоа што ќе ве замолкнат. Пред или потоа, ќе даваат голови, како што направи и Ерлинг.
Тие кои го критикуваа, веројатно и не знаеа дека пропушти два месеца поради тешка повреда, дека зад него е ужасна недела, ја загуби својата баба, дури и мене не сакаше да ми каже, но еве, тој им се врати на головите, истакна Пеп Гвардиола.