Не, зарем повторно? Хумелс со жестоки реакции за досудениот пенал во Ајндховен

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, го критикуваше главниот судија на синоќешниот меч против ПСВ, дека донел смешна одлука кога досудил пенал за противникот.

„Милионерите“ одиграа 1:1 во Ајндховен и како предност во реваншот ќе го имаат домашниот терен, но осврнувајки се на првиот меч, Хумелс се обиде да го долови своето незадоволство од одредени одлуки на српскиот судија на оваа средба.

– Каков смешен пенал против нас, неверојатно и повторно. Не можам, да верувам дека е донесена ваква одлука. Ова беше 0% пенал, контактот беше минимален, но прво играв со топка, порача Хумелс.

Како и да е, натпреварот заврши 1:1, а реваншот е во Дортмунд на 13. март.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО