Френки де Јонг е лут на повеќето медиуми низ Европа, поради тоа како што рече, што пишуваат лаги за неговата иднина.
Одредени медиуми во Англија и Шпанија пренесоа неодамна дека за холандскиот фудбалер се уште заинтересирани се Јунајтед, Челси и ПСЖ.
– Лут сум, медиумите постојано објавуваат невистини. Вистината е далеку од стварноста, а висините на моите плати не се точни. Многу сум среќен во Барселона, тоа е клуб од моите соништа. Се надевам дека уште многу години ќе играм за овој клуб, порача Де Јонг од Неапол, пред мечот во ЛШ вечерва.
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, истакна дека Де Јонг е среќен во клубот и дека нема што да се разговара повеќе.
– Де Јонг јасно порача дека е среќен, знам дека навистина е така, верувам дека долго ќе игра за нашиот клуб, порача Чави.