Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд е во неверојатна напаѓачка форма, тој беше стрелец и на последната средба на „црвените ѓаволи“, против Лутон, каде остварија победа со 2:1.
Сега тимот на Ерик Тен Хаг се чини дека е на добар пат да се вратат од бодовната негатива која пред неколку недели изгледаше невозможна за топ4, но сега и тоа како е возможна.
Јунајтед е на -5 бодови од четвртопласираната Астон Вила, па очигледно добрата атмосфера се шири во таборот на Јунајтед.
– Против Лутон имавме добар почеток, два брзи гола и потоа паднавме, ја загубивме концентрацијата и тие ја намалија потоа нашата предност. Знаеме дека ваквите гостувања можат да бидат незгодни, бидејки 2:1 е опасен резултат.
И покрај тоа што тој го постигна 13. погодок сезонава во сите натпреварувања, тој не е целосно задоволен.
– Направивме многу шанси во вториот дел, моравме да дадеме повеќе голови, јас имав уште една шанса, можев уште еден гол да постигнам за да ја обезбедам победата. Без проблем можев и хет-трик да постигнам против Лутон, порача Расмус Хојлунд.