Скок со стап: Огнен Стефановски собори државен рекорд стар 55 години

Македонскиот атлетичар, Огнен Стефановски (19), член на Атлетскиот клуб (АК) „Делта“ од Скопје, постави нов државен рекорд во дисциплната скок со стап во сала, објави Атлетската федерација на Македонија (АФМ) на социјалните мрежи.

Тој на митингот во Белград прескокна 3,65 метри со што го урна досегашниот рекорд на Владимир Карер од 1969 година и прескокнатите 3,60 метри, исто така во Белград! Тоа беше еден од најстарите македонски рекорди во „кралицата на спортовите“.

Тие 3,65 метри на Стефановски се речиси за три метри послаби од светскиот рекорд на Швеѓанецот, Арманд Дуплантис, кој има прескокнато 6,22 метри.

Стефановски претходно имаше забележителни резултати во младинските конкуренции во различни дисциплини.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО