Шпанците тврдат: Готово е, Мбапе потпиша за Реал Мадрид!

По се’ изгледа дека најдолгата трансфер сага во последните неколку години конечно заврши. Шпанска „Марка“ тврди дека Килијан Мбапе пред две недели потпишал договор со кралскиот клуб и од 1 јули ќе се пресели во Мадрид.

Последниве денови ПСЖ се обидуваше со разно-разни понуди да го задржи својот најдобар и најплатен играч, но не успеа.

Французинот минатиот вторник се сретнал со претседателот на ПСЖ за да го извести дека ќе го напушти клубот на 30 јуни и побарал од него да не му нуди нов договор. Причината за тоа бил веќе потпишаниот договор кој го врзува со Реал Мадрид на пет сезони.

Интригантно е што платата на Мбапе нема да отскокнува многу од стандардите на Мадрид.

– По „пеглањето“ на некои услови, францускиот напаѓач ќе биде најплатен во тимот и со неофицијален статус на најдобар светски играч. Но платата ќе му биде слична на играчите кои најмногу заработуваат во тимот, како на Крос, Модриќ или Алаба.

Извори блиски до преговорите велат дека Мбапе ќе заработува меѓу 15 и 20 милиони евра годишно, плус бонуси за постигнатите успеси во текот на петте години колку што ќе трае договорот, пишува шпанскиот весник.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО