Возачот на Ферари, Шарл Леклер, вели дека најавеното доаѓање на Луис Хамилтон во италијанскиот тим немало никакво влијание врз неговата одлука да потпише нов договор.
Познато е дека Британецот по 10 години минати во Мерцедес, од 2025-та ќе седне во болидот на Скудерија Ферари.
– Бев свесен за ситуацијата пред да го потпишам новиот договор. Тоа не беше изненадување за мене. Луис е неверојатен возач, најуспешен во историјата. Тој има големо искуство што ќе го донесе во тимот, потенцираше Леклер на официјалната промоција на новиот болид.