Кошаркарите на Партизан во недела од 17 часот играат нагости против тимот на Игокеа во рамки на 20.коло во АБА лигата.
Игокеа пред оваа пресметка има 11 победи и 8 порази, додека Партизан е на скор од 13-6, но Партизан има се поголем проблем, ги губи добиените натпревари и губи несфатливо евтини топки во играта.
– Сега не чека дуел против Игокеа, тоа е меч во кој мора да покажеме самопочитување кон самите себе. Да покажеме така што ќе се држиме еден за друг против добар и квалитетен противник. Сакам уште еднаш да изразам голема почит кон навивачите на Партизан, кои утре ќе дојдат на натпреварот, а кој може и мора да биде клучен за Партизан, порача Обрадовиќ.
Последедниот пораз за Партизан се случи во Евролигата, пред две вечери, каде на домашен терен „црно-белите“ загубија на домашен терен од екипата на Баерн Минхен, па сега дефинитивно мора да го поправаат впечатокот.