Имобиле влезе во Топ 10

Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле, денеска се проби на осмото место на вечната листа на стрелците во Серија „А“ откако погоди на гостувањето кај Калјари во натпревар од 24 коло во тековнава сезона.

Напаѓачот на „римските орли“ реализираше во 49 минута и сега има точно 200 голови во италијанскиот елитен шампионат. Пред 33-годишниот играч на „лацијалите“ се Роберто Баџо (205), Антонио Ди Натале (209), Хозе Алтафини и Џузепе Меаца (по 216), Гунар Нордал (225), Франческо Тоти (250) и Силвио Пиола (274).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО