Менаџерот на Арсенал, Микел Артета на денешната прес-конференција одговори за состојбата со Букајо Сака и останатите играчи пред гостувањето кај Вест Хем.
-Букајо Сака, кој поради повреда беше заменет во дербито на Ливерпул, е добро и ќе му биде на располагање на Микел Артета. „Сака се опорави оваа недела и изгледа добро. Томас Парти сè уште не е достапен.Неговиот напредок е добар, но се уште е рано да се каже кога ќе се врати.Нема нови информации за Габриел Жесус, изјави Артета.
Артета зборуваше и за начинот на неговата прослава на победата над Ливерпул.
-Денеска ми кажаа за овие реакции. Не знаев ништо. Сакам да славам бидејќи видов како гостински менаџери на „Емирати“ клекнуваат на колена, како и менаџери кои шетаат низ теренот. Ова носи страст и емоции во играта. Ова е мое мислење, но луѓето можат да имаат поинакво мислење. Однесувајте се како што ви одговара. Многу е тешко да се победи во оваа лига. За нас натпреварот против Ливерпул беше голем, што се гледаше и од атмосферата на стадионот. Беше одличен ден, рече Артета по критиките за неговата реакција откако го победи Ливерпул.