Гути: Чави е добар, но не може да биде тренер на Барселона

Поранешниот шпански репрезентативец Гути изјави дека Барселона е преголем залак за Чави Ернандез, пренесуваат шпанските медиуми.

Во ноември 2021 година, Чави беше назначен за тренер на Барселона наместо Роналд Куман. Чави неодамна објави дека на крајот од сезоната ќе се повлече од тренерската функција во каталонскиот клуб.

„Чави во моментов едноставно не е подготвен да биде тренер на Барселона. Тој е добар стручњак, мислам дека би имал подобри резултати во друг клуб, но тоа не може да го направи во Барселона“, изјави Гути, пренесува „Ел Чирингито“.

Тој потсети дека Чави бил добар фудбалер.

„Карактеристиката на добриот тренер е да се прилагоди на играчите што ги има и да го извлече најдоброто од нив, а не да бара од тимот да се прилагоди на него или да игра како што играше кога беше активен фудбалер. Тоа е голема грешка што тој го прави“, објасни Гути.

Чави минатата сезона со Барселона ја освои Ла Лига и Суперкупот на Шпанија.

Барселона моментално е на третото место на табелата во шпанската лига, со осум бода помалку од првопласираниот Реал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО