На победниците на Супербоулот бордел им нуди „оргии без ограничувања“!

Победничкиот тим во 58-то издание на Супербоулот го очекува бурна забава благодарение на понудата од еден познат бордел.

Во круната на НФЛ сезоната во Лас Вегас во недела за Супербоул трофејот ќе се сретнат Канзас Сити чифс и Сан Франциско 49. Тоа ќе биде реприза на 54. Супербоул во кој Чифс победија со 31:20.

Покрај трофејот најавена е уште една „премија“, ноќ на неограничена забава во познатиот бордел „Чикен ранч“ во Невада.

Две работнички во борделот, Алис Литл и Адисон Греј, зборуваа за тоа дека побарувачката за нивните услуги опаднала неделава поради Супербоулот, па затоа дошле на идеја како да ги потикнат играчите кои ќе играат во големото финале.

Двете жени ветуваат дека без оглед на тоа кој тим ќе победи, ќе има пристап до „оргии без ограничувања“ во пакет кој вклучува и бесплатна услуга со лимузина, пристап до барот, базен, ВИП бунгалови и специјализирана област за секс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО