Маркус Рашфорд минатата недела не се појави на еден од тренинзите на Манчестер Јунајтед и клубот објави дека поради недисциплина, тој е казнет со неколку илјади фунти.
Англискиот репрезентативец без дозвола од клубот, отпатувал во Северна Ирска, во Белфаст, каде бил присутен на една приватна забава, од каде се појавија и фотографии, а тоа предизвика револт кај навивачите на Манчестер Јунајтед, затоа што формата му е катастрофална, а тој посетува приватни забави.
На кратко тој беше суспендиран од клубот, а Тен Хаг вчера пораша дека ќе биде во составот за вечерашниот натпревар против Волверхепмтон, бидејки наводно го решиле проблемот кој се појави со напаѓачот.
Многумина се прашуваа и која е разликата меѓу него и ситуацијата со Санчо, а Тен Хаг на тоа одговори:
– Слична ситуација, само што Санчо поради недисциплина реши да се бунтува јавно, низ медиумите, а Рашфорд на тоа не реагираше со никаков инат.
Тhe Sun и останатите медиуми пишуваат дека Рашфорд ќе биде дел од тимот на Јунајтед оваа сезона, но дека се верува дека на лето може да се случи предавство и дека Рашфорд веќе го гледаат во редовите на Арсенал. Тоа е информација која допрва треба да биде потврдена.
?⚪ Arsenal are being tipped to launch a fresh summer move for Marcus Rashford – and there is reportedly a belief in the Gunners camp they can pull off the shock signing of the Manchester United man
Can you see this one happening?⤵️ #MUFC #AFC https://t.co/enegOf0fb6
— TEAMtalk (@TEAMtalk) February 1, 2024