Салфетката со првиот договор на Меси со Барса на аукција – со почетна цена од 300.000 фунти

Салфетката на која беше потпишан првиот договор на 13-годишниот Лионел Меси со Барселона треба да се најде на аукција – со почетна цена од 300.000 фунти.

На салфетката потпишана во декември 2000 година, е препораката од тогашниот директор на Барса, Карлес Рексач, да се потпише договор со Меси.

На неа се и потписите и Хозеп Мингела, советник за трансфери на шпанскиот клуб и на агентот Орасио Гаџиоли, кој го препорачал младиот Аргентинец.

Меси и се приклучи на Барса еден месец подоцна и стана најдобриот стрелец во клупската историја. Тој дебитирапе за Барса на 16-годишна возраст и постигна 672 гола на 778 натпревари.

Меси (36) освои 10 титули во Ла лига и четири во Лигата на шампиони (ЛШ) со Барселона пред да замине во Пари сен Жермен во 2021 година.

Салфетката беше потпишана на состанокот организиран од Рексач, кој го поканил таткото на Меси, Хорхе на ручек по загриженоста на семејството на Меси за недостигот од одговор од Барселона по првичните проби во клубот.

Напишан со сино мастило, договорот на салфетката гласи: „Во Барселона, на 14 декември 2000 година, во присуство на господата Мингела и Хорасио, Карлес Рексач, спортскиот директор на Барселона се согласува, со полна одговорност и без оглед на какви било спротивставени мислења, да потпише договор со играчот Лионел Меси, под услов да се придржуваме до договорените суми“.

Салфетката ќе се најде на аукција преку британската аукциска куќа „Бонамс“ во март.

– Тоа е е еден од највозбудливите предмети кои сум ги имал во рака.Да, тоа е хартиена салфетка, но тоа е познатата салфетка на почетокот од кариерата на Меси. Тоа го промени неговиот живот и иднината на Барселона, изјави раководителот на убави книги и ракописи во „Бонамс“, Иан Елинг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО