Брегалница донесе уште едно засилување од Гостивар, трето по ред

Ремзифаик Селмани е најновата аквизиција на штипските сини. Селмани има одлично фудбалско досие, класичен гол-играч, вистинско решение за неефикасноста на Брегалница од есенската полусезона.

Родум од Џепчиште, фудбалските чекори Реми ги започнува во Ренова, каде по само 2 сезони заминува во Унгарија, во Ујпешт. Во кариерата, има настапувано уште за Шкендија, Љапи (Косово), уште 2 сезони во Ренова, каде е најдобар стрелец во ПМФЛ, Мезоковеж (Унгарија), Партизани (Албанија), а последен клуб му е Гостивар.

Селмани има 26 години и доаѓа како слободен играч. Има настапувано во сите младински категории за репрезентацијата на Македонија.

За потсетување во клубот од Штип претходно од таборот на Гостивар пристигнаа и Михаил Маневски и Пепи Ѓорѓиев

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО