Рондо, поранешниот НБА кошаркар, уапсен за поседување оружје и дрога

Поранешниот НБА кошаркар, Раџон Рондо (37) бил уапсен минатиот викенд во Индијана. Според пишувањето на американските медиуми, тој бил обвинет за нелегално поседување огнено оружје, реквизити за дрога и марихуана.

– Запрен е поради сообраќаен прекршок. Полицаецот намирисал марихуана, поради што бил извршен претрес во автомобилот, во кој е пронајден пиштол, марихуана за лична употреба, како и реквизити за дрога, изјавил портпаролот на полицијата.

Рондо потоа бил одведен во окружниот затвор, а откако ја платил кауцијата бил пуштен на слобода.

Ова не е првпат кошаркарот да има проблеми со законот. Во мај 2022 година со пиштол и се заканувал на мајката на неговите деца. Жртвата тогаш изјавила дека Рондо бил бесен и и’ се заканувал дека ќе ја убие.

Рондо мина 16 години во НБА и играше за Бостон селтикс, Далас маверикс, Сакраменто кингс, Чикаго булс, Њу Орлеанс пеликанс, ЛА Лејкерс, Атланта хокс, ЛА Клиперс и за Кливленд кавалирс, каде што се пензионираше во 2022 година.

Тој е двократен НБА шампион и четирипати има играно на Ол-стар мечевите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО