ПСЖ најде замена за Мбапе: Ќе ги чини 175 милиони евра!

Матео Морето, италијански новинар кој работи за шпански Релево, најави дека Милан ќе бара секој тим што сака да го доведе Рафаел Леао на лето да ја плати откупната клаузула од 175 милиони евра.

Ова реакција на Милан уследи по написите во француските медиуми дека ПСЖ уште отсега подготвува терен за трансфер на одличниот Португалец.

Морето наведува дека Леао бил информиран оти за него е заинтересиран парискиот гигант како замена за Килијан Мбапе, чие заминување на крајот од сезоната е се’ поверојатно.

Италијанскиот стручњак за трансфери наведува дека и покрај цврстиот став на Милан, парижаните ќе се обидат да ја намалат цената преку „маратонски“ преговори.

Инаку, Росонерите се во одлична преговарачка позиција бидејќи Леао лани потпиша нов договор, до летото 2028 година. Милан втора година по ред е во финансиска позитива, и не мора да брза со продажба.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО