Шансите биле 50-50, но Лапорта и Барселона веќе го „избрале“ новиот тренер?

Оставката на Чави Ернандез во Барселона ќе биде заверена за пет месеци, шпанскиот стратег до тогаш ќе го води клубот.

Видно незадоволен по мечот со Вилјареал, Чави Ернандез порача дека разговарал со клубот пред овој натпревар и истакна дека имаше договор за негово заминување, а со тоа се согласиле и од управата.

Но откако се најави заминувањето на Чави Ернандез, седмата сила веќе работи на случајот околу тоа кој ќе биде наследникот на шпанскиот стратег.

За шпанските медиуми, опции за новиот тренер се двајца тренери од Германија, станува збор за Јирген Клоп и поранешниот селектор на Германија, Ханси Флик.

БИЛД исто така тврди дека постои реална опција Јирген Клоп да биде новиот предводник на Каталонците и дека наводно веќе имале одредени преговори во почетна фаза, но исто така и дека Флик е потенцијален наследник на Ернандез, шансите биле 50-50.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО