Баерн Минхен синоќа на домашен терен го порази Униот Берлин со минимален резултат (1:0), тој резултат ќе беше и поголем, доколку ВАР не му поништеше гол на Хари Кејн.
Но оваа средба прилично интересна и скандалозна од еден потег на хрватскиот тренер и предводник на Унион Берлин, Ненад Бјелица и фудбалерот на Баварците, Лерој Сане.
Хрватот не сакаше да му ја додаде топката на фудбалерот на домашните, а секунди подоцна го удри и во лице, со што го навлече гневот на домашните фанови.
– Едноставно сакав брзо да ја вратам топката во игра, но се случи инцидентот. Противничкиот тренер ме удри во лице, не се лутам поради тој потег, но во секој случај, добро е што ги победивме, порача Лерој Сане.
Од друга страна, хрватскиот тренер по завршетокот на мечот, му се извинил на Сане, но и покрај тоа, казната не ја избегна, ќе биде суспендиран на три натпревари ќе плати парична казна.
Nenad Bjelica ? Sane pic.twitter.com/36SV4ycvUq
— Epic Red Cards (@epicredcards) January 25, 2024