По објавата на Звонимир Бобан, главниот оперативец на Европската фудбалска унија (УЕФА) и близок соработник на претседателот Александер Чеферин, дека ја напушта, уследи одговорот во вид на кратко соопштение на официјалната интернет-страница на УЕФА.
-УЕФА сака да го објави консензуалното заминување на Звонимир Бобан од организацијата. Бобан и се приклучи на организацијата во 2021 година како шеф за фудбал и иницираше неколку значајни проекти во техничкиот развој, меѓу кои формирањето на Фудбалскиот одбор на УЕФА и на Младинскиот фудбалски форум. УЕФА ја изразува својата благодарност до Бобан за неговата посветена услуга и му посакува многу среќа во неговата идна кариера.