Гаф и покрај многуте грешки се пласира во полуфиналето

Американката Коко Гаф ја победи Украинката Марта Костјук со 7:6, 6:7 и 6:2 и се пласира во полуфиналето на грен-слем турнирот Австралија опен во Мелбурн.

Шампионката од САД опен лани имаше 51 неизнудена грешка, девет двојни грешки и само 17 „винери“, но сепак успеа да го добие мечот против Костјук што траеше 3,8 часа.

Гаф (19) победи на 12 последователни натпревари на грен-слем турнирите и ја делат уште две победи од освојувањето на нова голема титула. За место во финалето таа ќе игра со подобрата од дуелот меѓу бранителката на титулата, Арина Забаленка – Барбора Крајчикова.

– Не го одиграв најдобриот меч, но навистина сум горда што успеав да победам. Се надевам дека по вака лош натпревар ќе можам да играм многу подобро, изјави Гаф.

За Костјук ова беше прво четвртфинале на грен-слем турнир.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО