„Бомба“ од Охрид: Потпишува со бундеслигашко засилување

Екипата на ракометниот клуб Охрид не се шегува кога станува збор за амбициите, а доказ за тоа е најновото засилување кое треба да пристигне.

„Спортклуб.мк“ дознава дека нов играч на охриѓани треба да биде одличниот 29-годишен хрватски десен бек Никола Јукиќ.

Станува збор за искусен играч кој има и три настапи за најдобрата селекција на Хрватска, а во Охрид доаѓа по шест месеци минати во Мудхар од Саудиска Арабија.

Но она што е за издвојување е дека има искуство со настапи во најсилната француска лига каде ги бранеше боите на Понталут и Шартрес, како и во германски Минден од Бундес лигата. Кратко беше член и на грчки АЕК.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО