Црвена Звезда е поразена во Белград од екипата на Басконија со минимален резултат 91:90.
Иако на моменти во првиот дел имаа двоцифрена предност, на полувреме заминаа со +9 поени, но во вториот дел гостите направија комплетен пресврт откако во третата четвртина беа подобри со 26:10.
– Мислам дека ова го загубивме поради нашата одбрана, постигнаа 91 поен гостите, скокот не ни беше добар, дозволивме многу да ни скокаат под нашиот кош, па на крајот не можевме да дојдеме до триумф на домашен терен, порача тренерот на „црвено-белите“, Сферопулос.
Со овој пораз Црвена Звезда уште повеќе си го влоши скорот во Евролигата, по 22. кола, имаат само 9 победи и 13 порази и котираат на 13. позиција.