Џордан Хендерсон ја напушта Саудиска Арабија после само шест месеци престој во таа земја.
Англискиот фудбалер успеа да дојде до ситуација да размислува по секоја цена да ја напушти Саудиска Арабија и деновиве неговиот договор со Ал Етифак ќе биде раскинат.
Хендерсон инаку летоска се пресели од Ливерпул во овој фудбалски клуб, во трансфер вреден 15 милиони евра, а како и многу други фудбалери, го убеди силната плата, според која требаше да заработи 120 милони евра до 2026 година.
Хендерсон откри во медиумите дека квалитетот на фудбалот таму е лош и дека веднаш ја увидел грешката која ја направил, па сега голема е веројатноста тој да се врати во Европа.
Воопшто не му е гајле што ќе загуби силни милиони, а првите шпекулации тврдат за тоа дека тој на крајот може да заврши во Ајакс од Холандија.
Опција е секако и враќање во Ливерпул, но тоа би бил план Б ако другото не му успее.