Екипата на Македонија Ѓорче Петров која вчера замина на подготовки во Хрватска, веќе денес го одигра првиот контролен дуел.
И тоа не против било кој, туку за ривал го имаше актуелниот хрватски првак, Динамо Загреб кој славеше убедливо со 4-1.
Резултатот по првиот дел беше нерешен (1-1), но во вториот дел Динамо даде уште три гола и го реши во своја полза мечот кој беше од затворен карактер.
Единствениот гол за „лавовите“ го даде младиот Адмир Љатифи.