Неверојатен натпревар во групата Ц од Европското првенство гледавме вечерва помеѓу репрезентациите на Србија и Исланд (27:27).
Мечот кој се играше во Минхен, на крајот имаше драматичен епилог и нерешен резултат.
Мечот генерално се играше без некои поголеми разлики низ полувремињата, но нашиот северен сосед може да жали поради тоа што на 40 секунди пред крајот на средбата, успеа некако да прокоцка два гола предност.
Во финишот Србија поведе со два гола предност, а остануваа уште некои 30 секунди, некои би рекле дека тоа е невозможно, но не и за Исланд.
Исланѓаните во брзоплет развој на самиот финиш од средбата, дојдоа до нерешен исход и бод од оваа средба. Нивниот голман беше фантастичен вечерва, Виктор Халгримсон запиша 11 интервенции.
Пешмалбек беше најефикасен со шест погодоци, на спротивната страна најдобар беше Елисон со гол повеќе. Следно коло Србија за ривал ќе ја има Унгарија, додека Исланд ќе игра против Црна Гора.