Искусниот играч за Врска, Драган Стојков би можело да биде ново засилување за екипата на Вардар.
Струмичанецот е еден од неколкуте играчи со кои управата на „црвено-црните“ преговоара деновиве за може ангажман во клубот.
За потсетување Стојков зимава реши да го раскине договорот и да си замине од таборот на Македонија ЃП.
Во својата богата кариера Стојков има играно и за Тиквеш, Работнички, Беласица, како и Егалео и Илисиакос во Грција, Напредак и Јагодина во Србија и Лос Анѓелес, Инди Елевен и Сент Луис во Америка.