Куп на Африка: Сенегал ќе ја одбрани титулата, прогнозира вештачката интелигенција!

Купот на Африка во фудбал ќе започне утре (и ќе трае до 11 февруари) со мечот меѓу домаќинот Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја Бисао.

„Би-би-си спорт“ и „Опта статистикс“, агенцијата за обрабoтка на најразлични спортски податоци и предвидувања, се обидоа да дадат одговор на прашањето кој ќе биде новиот шампион на Африка.

Преку моделот за предвидување на вештачката интелигенција на „Опта“, Сенегал се појавува како прв фаворит за одбрана на трофејот. Тие би можеле да станат четвртата селекција која победува двапати по ред, и прва по Египет кој беше трипати првак во низа, помеѓу 2006 и 2010 година.

Моделот на предвидување, ја проценува веројатноста за исходот на секој натпревар  (победа, реми или пораз), користејќи ги коефициентите во обложувачниците и рангирањето на тимот според Опта. Потоа се разгледува силата на противникот и тешкотиите на патот до финалето користејќи ги веројатностите за исходот на натпреварот, составот на групите и потенцијалните натпревари во нокаут фазата.

Сенегал е најверојатниот победник според тој модел, со 12,8 отсто шанси, пред домаќинот Брегот на Слоновата Коска (12,1 отсто), кој ќе се обиде да го освои трофејот по трет пат, по 1992 и 2015 година. Последната земја домаќин што ја освои титулата беше Египет во 2006 година.

Мароко (11,1 отсто) е трет според шансите за триумф.Тие ќе атакуваат на втората титула првак на Африка, по првата во 1976 година. Но, Мароканците не го минаа четврт-финалето на последните седум настапи, откако го загубија финалето во 2004 година, од Тунис, 1:2.

Алжир (9,7 отсто) е четвртиот веројатен победник. На Египет, петтиот кандидат му се даваат 16 отсто шанси да стигне до уште едно финале, но речиси двојно помалку (8,5 отсто) да триумфира.

Останува да се види дали ќе има уште еден шампион, за првпат, како што беше Сенегал во 2021 година? Во таа категорија, на Мали (3,7 отсто) му се даваат најголеми шанси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО