Штрајкот во Германија прави проблем на ЕП: Дојче бан на 20 посто од капацитетот

Штрајкот на машиновозачот може да им направи огромни проблеми на организаторите на Европското првенство во Германија.

Синдикатот на машиновозачите ја потврди најавата во пресрет уште пред Новата година, дека штрајкот ќе започне на 10 јануари во два по полноќ и ќе трае до 12 јануари до 18 часот.

ЕХФ веќе предупреди за оваа вест, а останува да се види колку точно проблеми ќе им создаде оваа ситуација на учесниците на континенталното натпреварување кое започнува на 10 јануари.

Сепак, Дојче Бан состави и возен ред, околу 20 отсто од вообичаениот капацитет, со долги композиции за да овозможи превоз на што повеќе луѓе. Ова исто така важи и за тимови, официјални лица и други поврзани со првенството.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО