Момците одработија тренинг – голманите тврдат дека е шокирачки тоа што го гледаат

Ракометната репрезентација на Македонија го одработи официјалниот тренинг на арената „Шпиле Арена“ во Дизелдорф, односно на адаптираниот стадион во т.н спортска сала, каде Македонија ќе го игра првиот дуел на ЕП против репрезентацијата на Франција, утре.

Несомнено дека при една таква глетка кон трибините, кои ќе собираат 50 000 гледачи, воодушевувањето ќе биде големо, а за тоа сведочи и изјавата на двата млади македонски голмани, Марко Кизиќ и Мартин Томовски

– За почеток едноставно сме шокирани од ова што го гледаме. Ова ќе биде историски натпревар, атмосферата е преубава пред празна сала, а со полна ќе биде уште поубаво. Втор ден сме тука, се е супер и со нетрпение го очекуваме натпреварот, порача Марко Кизиќ.

– Навистина е неверојатно чувство, пријатно сме изненадени, ќе биде чест и задоволство да се настапи на еден ваков стадион, од големо значење, да се испише историја. Нам ни останува да уживаме и да дадеме се од себе, порача Томовски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО