Ѓорческа не го мина првото квалификациско коло во Мелбурн

Лина Ѓорческа го заврши настапот на гран-слем турнирот на Австралија опен во Мелбурн. Во првата квалификациска рунда таа загуби од Катаржина Кава од Полска, во три сета со 5:7, 6:4, 3:6.

За Ѓорческа (29), најдобрата македонска тенисерка, која моментално е на 215-та позиција на светската ранг листа, ова беше второ учсство во квалификациите на Австралија опен. Во 2017 година таа беше елиминирана во третото коло.

Во квалификациите во Мелбурн настапуваат по 128 тенисери и тенисерки. По трите кола ќе бидат познати 16-те најдобри во двете конкуренции ќе се пласираат на главниот турнир.

Гран-слем турнирот во Мелбурн 2024-та ќе почне во недела, 14 јанаури и за првпат ќе трае 15 дена, до 28 јануари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО