Шкупи се раздели со четири фудбалери – ќе следат нови засилувања

Тимот на Шкупи денес во некомплетен состав ги започна подготовките за вториот дел од полусезоната во ПМФЛ.

Како што објавија од клубот недостигаа неколку фудбалери поради празниците кои во следните денови ќе му се стават на располагање на клубот од Чари.

Во исто вреем од таборот на Шкупи информираа дека четири фудбалери си заминале од клубот. Бразилците Куевин и Нилтиљо, интернационалецот од БиХ Хоџиќ и Абази.

-Раководството, персоналот и фудбалерите им се заблагодаруваат на сите овие фудбалери за придонесот додека беа дел од семејството на ФК Шкупи, посакувајќи ви понатамошни успеси во кариерата.

Најавуваме дека во наредните денови ќе започнеме со претставување на нови играчи во клубот, со кои се надеваме дека уште повеќе ќе ја зголемиме конкуренцијата во тимот за највисоки можни достигнувања, порачаа од клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО