Брера Струмица денеска ги отпочна подготовките за пролетниот дел од првенството кои ќе се реалзиираат во три фази. Првата во Струмица, втората во Турција во Анталија додека последната повторно на свој терен во Струмица. Стратегот Бојан Круљ денеска го имаше првиот тренинг на кој на играчите им ја објасни динамиката на подготвителниот период но и неговите очекувања за вториот дел од сезоната.
-Во планот е ова недела да биде воведна , да ги одредиме тестирањата и лекарските прегледи. Во овие две недела пред Анталија ќе имаме базично трчање и подготовки за да се подготвиме што подобро. На 24 јануари патуваме за Анталија. Таму ќе имаме четири тест натпревари. Ќе играме со Шабуртало од Грузија, со Черноморец Одеса од Укарина, Атирау од Казахстан и Рух Хожов од Полска. Тоа се натпреварите кои ни ги одбравме. Мислам дека се исклучително добри натпревари со кои ќе се потрудиме што подобро да се подготвиме, што подобро да се воигра екипата и што поподготвени да го пречекаме вториот дел од сезоната,, рече Круљ
Од таборот на Брера заминаа неколку играчи а дојдоа и нови. Во меѓувреме подготовките за пролетнито дел од првеството, стратегот Круљ ги започна без Салваторе Рибаудао, Лео Антонио, Франко Нахуел кои на првиот состав ќе се приклучат наредниве денови. Инаку се очекуваат и понатаму нови засилувања.
-Се надевам дека останавме на целта да го задржиме костурот на екипата и да со новите засилувања донесеме нешто ново во екипата. Мислам дека екипата поседува сериозен потенција има доста млади талентирани играчи и се надевам дека сето тоа заедно ќе го пакуваме така како што треба“ реќе Круљ
Нашиот состав есенскиот дел од првенството го заврши на осмото место со вкупно 20 бода. По 18 првенствени кола имаме 5 победи исто толку нерешени исходи и осум порази.