Некогаш го водеше Бохум – од синоќа го води Гостивар

Турскиот стратег Исмаил Аталан од синоќа е официјално промовиран во нов тренер на фудбалскиот клуб Гостивар.

43 годишниот Аталан во своето си-ви го има водено и составот на Бохум, а последниот тренерски ангажман му беше во турскиот клуб Аланиаспор.

Детали околу договорот се уште не се познати во медиумите, но Гостивар го потврди на социјалните мрежи ангажманот на турскиот тренер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО