Никола Јокиќ погоди тројка од огромна далечина на истекот на времето за победа на Денвер нагетс над Голден Стејт вориорс со 130:127, иако неговиот тим заостануваше 18 поени во последната четвртина.
На Јокиќ му недoстигаше само еден скок за нов трипл-дабл. Тој постигна 34 поени, 10 асистенции и девет скока.
Бранителот на титулата Нагетс победи на 11 од 13-те гостувања, од кои на шест пo ред.
Јокиќ имаше голема помош од Арон Гордон и од Џамал Мареј кои постигнаа 30 и 25 поени. Стеф Кари го предводеше Голден Стејт со 30 поени. Клеј Томпсон додаде 24.