Две американски засилувања за Бадел во борбата за опстанокoт

Најтрофејниот женски македонски кошаркарски клуб Бадел сезонава неочекувано наместо борба за титулата, води борба за опстанок.

Баделки по првиот дел од сезоната се на претпоследното место со 12 бода, само два повеќе од последната Струга која има 10 бода.

Па за таа цел екипата од Скопје денес се засили со две интернационалки од Америка со кои ќе се брка опстанок.

Станува збор за Дестин Томпсон и Данеја Баркли кои треба да донесат квалитет во тимот.

Томпсон сезоната 2022/23 настапуваше во редовите на ЖКК Војводина во Србија каде на 24 натпревари просечно поминуваше на терен по 21.7 минути, постигнувајќи по 8.1 поени, 6.4 скокови, додека во ВАБА лигата на 18 натпревари на терен поминуваше во просек по 23.1 минута, постигнуваше по 8.6 поени, 6.4 скокови.

Баркли пак доаѓа од Вила Мариа Колеџ каде што на 22 натпревати во просек постигнуваше по 20.4 поени и 8.5 скокови по натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО