Бундес лигата најгледана во Европа, со просек од 39.507 гледачи по натпревар

По 16. кола Бундеслигашите се на заслужена зимска пауза. И додека фудбалерите и клубовите се подготвуваат за продолжување на шампионатот, официјалната интернет страница на Бундес лигата се осврнува на она што е постигнато досега во сезоната 2023/24.

Голови има во изобилство, вкупно 480 на 143 натпревари или во просек 3,4 по натпревар.

Ова е најголема бројка дадени голови во последните 38 години по 16. кола. Доколку продолжи сегашната стапка на голови ќе биде надмината бариерата од 1.000 гола до крајот на сезоната, за прв пат по 39 години. Поточно можно е сезонава да заврши со неверојатни 1.027 голови!

Само пет натпревари сезонава завршија без голови, а двајца играчи дадоа значителен придонес во изобилството голови. Тоа се Хари Кејн од Баерн Минхен и Серхиу Жираси од Штутгарт кои поставија рекорди во првите четири месеци.

Англичанецот, кој дојде во Баерн од Тотенхем лани летото, го израмни рекордот на Роберт Левандовски од 2020/21 година давајќи 21 гол на 16 натпревари. Репрезентативецот на Гвинеја е втор на листата на стрелци, со 17 гола на само 14 натпревари.

Треба да се знае дека Жираси и Кејн веќе ги надминаа 16-те гола што во ланското првенство ги дадоа Никлас Фулкруг и Кристофер Нкунку.

Лидерот на табелата Баер леверкузен е единствениот од 96-те тимови во петте најдобри европски лиги што се’ уште не е поразен.„Фармацевтите“ немаат загубено ниту еден од 25-те меча сезонава во сите конкуренции (22 победи и три нерешени) што е нов рекорд во германскиот фудбал.

Фер-плејот владее во лигата. По 16 рунди натпревари направени се 3.143 прекршоци, што е најниска бројка откако се бележат вакви податоци. Но она што изненадува е тоа дека бројот на жолти картони (571) е на највисоката точка во последните 21 година, од 2002/03, кога имаше 611 опомени.

Бундес лигата може да се пофали и со најголема посетеност на натпреварите во Европа, со просек од 39.507 гледачи, повеќе од која било друга врвна лига, Англија, Шпанија, Франција и Италија.

Она што е уште поимпресивно е просекот за Бундес лигата 2, кој со 28.212 гледачи е повисок од француската Лига1 (26.768) и речиси исто толку висок како во шпанската Ла лига (28.805) или во италијанската Серија А (30.584).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО