Екс ѕвездата на Ливерпул по само шест месеци се враќа од С. Арабија во Англија – но во Лондон

Англиските медиуми пишуваат дека 32-годишниот бразилски напаѓач Роберто Фирмино би можел да се врати во Премиер лигата само шест месеци откако бесплатно го напушти Ливерпул и се пресели во Саудиска Ал-Ахли, како една од многуте ѕвезди кои ја напуштија Европа во претходниот преоден рок.

Фирмино не се снајде најдобро во новата средина иако самиот старт беше одличен. Имено, во дебито против Ал-Хазем, тој постигна хет-трик, но во следните 18 натпревари никогаш не ја најде мрежата и почна да размислува за враќање на Островот, каде остави длабока трага во текот на осумте години во Ливерпул.

Носејќи го дресот на клубот од „Енфилд“, Фирмино постигна 111 гола и освои речиси се, вклучувајќи ја и англиската и европската титула.

Најзаинтересиран за неговите услуги наводно е лондонски Фулам кому му е потребна замена за Александар Митровиќ кој замина во Ал-Хилал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО