Почнува ЕП во ватерполо во Дубровник и во Загреб, Хрватска ја брани титулата

Денеска почнува 36.Европско првенство (ЕП) во ватерполо, за прв пат во два града, во Дубровнк и во Загреб, од 4 до 16 јануари. Хрватска ќе ја брани шампионската титула освоена во Сплит во септември 2022 година.

Првично, првенството требаше да се одржи во Израел, лани во октомври, но поради воената состојба во таа земја, ЛЕН реши организацијата да и ја додели на Хрватска, која ќе биде првиот последователен домаќин.

На ЕП ќе настапат 16 репрезентации кои за прв пат ќе бидат распоредени во две дивизии, врз основа на постигнувањата од последниот шампионат и во квалификациите.

Најдобрите осум селекции ќе бидат во Дивизија 1, а другите осум во Дивизија 2. Двете дивизии ќе бидат поделени во две групи со по четири екипи.

Двете првопласирани екипи од групите во Дивизија 1 ќе се пласираат директно во четвртфиналето. Другите две селекции ќе разигруваат против двете првопласирани во групите во Дивизија 2, во плеј-оф рундата.

Од четвртфиналето па натаму, ќе се игра според нокаут системот, на елиминации.

Дивизија 1

Група А: Хрватска, Црна Гора, Шпанија и Франција

Група Б: Унгарија, Италија, Грција и Грузија

Дивизија 2

Група Ц: Србија, Германија, Израел и Малта

Група Д: Словенија, Словачка, Холандија и Романија

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО