Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети, го даде своето прво интервју во 2024 година за државната телевизија „Раи Дуе“, а се осврна на претстојното Европско првенство во Германија, иднината на „Азурите“.
Италија е актуелен европски шампион, но тие се многу разочарани бидејќи не успеаја да се квалификуваат за последните две Светски првенства, а главна причина за она во Катар беше Македонија.
Исто така и во квалификациите за ЕП се сретнаа со нашата селекција и одново имаа проблеми со оглед на тоа што во Скопје ремизираа.
-Квалификациите за еврото беа како глас што се издигнува од дното на јамата во која паднавме, викајќи му на светот дека и ние сме тука и дека сме поживи од кога било“, рече Спалети и додаде:
-Пласманот на Европското првенство ни овозможува да одиме во Германија за да ја одбраниме титулата што ја освоивме во 2021 година, но има уште многу работа, нагласи тој.