Шкендија го враќа Мирчевски назад во Македонија?

Екипата на Шкендија во овој зимски преоден период ќе претрпе големи промени во играчкиот ростер на тимот.

Тимот добива нов менаџер кој по свој мерак ќе го прави тимот во пресрет на пролетната полусезона во ПМФЛ.

Како еден од играчите кои се спомнува како можно ново засилување е брзоногото лево крило Мартин Мирчевски.

Битолчанецот по две години во српски ТСЦ би можело да се врати назад во Македонија.

Оваа опција изгледа се пореална ако се земе предвид дека оваа полусезона Мричевски имаше лимитирана минутажа во српскиот тим.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО