Кристијано Роналдо не може да даде гол од слободен удар?

Фудбалерите на Португалија се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП) откако ја исфрлија Словенија, на пенали, 3:0. Херој на мечот беше голманот Диого Коста, кој ги одбрани сите три удари од 11-те метри.

Со ваквиот исход, најсреќен секако е Кристијано Роналдо, кој лесно можеше да стане трагична фигура на Португалија бидејќи Јан Облак му го одбрани пеналот во 105. минута. За негова среќа беше попрецизен во пенал серијата кога го постигна првиот гол.

Роналдо го продолжи патот на ЕП, натпреварување во кое собори многу рекорди, но држи и еден негативен. На површина исплива информацијата дека шутнал дури 60 слободни удари на големите натпреварувања, а постигнал само еден гол!

Простата математика нè води до тоа дека не ја затресил мрежата 59 пати, а само против Словенија тоа му се случи трипати, и од многу добри позиции.

Станува збор за информација која звучи нереално, а неверојатно е и тоа што неговите соиграчи во репрезентацијата го толерираат со години наназад. Но и покрај се’, нема дилема дека истото сценарио ќе го гледаме и во четвртфиналето, во кое моќната Франција и брилијантниот Маињон ги очекуваат Португалците в петок…

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО