Се огласи менаџерот на Надал за ситуацијата пред ОИ

Менаџерот на некогаш најдобриот тенисер во светот, тврди дека Рафаел Надал нема никакви физички проблеми, па го става меѓу кандидатите за златен медал на претстојните Олимписки игри.

– Рафаел нема ниту еден физички проблем и затоа се надеваме дека на Олимпијадата ќе дојде со доволен број на мечеви, со цел да ја поправи формата. За него тоа ќе биде посебен турнир затоа што ќе игра дома. Стадионот „Филип Шатрие“ е негов втор дом.

– Конкуренцијата ќе биде страшна, Јаник Синер, Карлос Алкараз, но пред сите нив, Новак Ѓоковиќ. Тој никогаш ја нема освоено Олимпијадата, па ќе биде интересно да се следи разврската. Рафа ќе биде подготвен за ОИ, порача Барбадиљо.

Шпанскиот тенисер жртвуваше многу во иднината, а беше и елиминиран по подолг период на Ролан Гарос, каде изминатите години беше апсолутен владетел без конкуренција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО