Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас, проговори за грешката на судијата на полуфиналниот меч со Италијанецот, Јаник Синер на Мастерсот во Монте Карло (Монако). При резултат 3:1 и 40:40 во третиот сет на сервис на Гркот, судијата не забележа двојна грешка и му даде поен на Циципас, иако подоцна системот покажа дека има аут.
– Грешката повеќе влијаеше на противникот отколку на мене. Во тој момент бев нервозен и се разбира, двојниот брејк немаше да ми ја олесни задачата. Мислам дека мечот ќе испаднеше сосема поинаку доколку беше посочена мојата грешка – вели Циципас кој победи со 2-1 во сетови и влезе во финалето.